Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Над стотина лица се приклучија на хуманитарната трка за деца со Даунов синдром, што денеска по трет пат се одржа во Градскиот парк во Скопје, во организација на Мечувалечки клуб Ескрим.
Организаторот на трката Билјана Кузмановска, им порача на децата кои трчаа со сите дека „ова се нашите витези, ова се нашите шампиони“.
Поддршката за децата која ја добија денес е незаборавна и порачаа дека очекуваат следната година трката да порасне уште повеќе затоа што, како што велат, настаните од ваков карактер им се многу значајни за тоа како се чувствуваат и како со самодоверба ќе се водат во иднина.
Со поддршка од лицата и компаниите кои се вклучија во трката собрани се доволно средства за аудио опрема за првиот дневен центар за лица со Даунов синдром.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
