Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во Кавадарци

Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди (КСРИ) од Кавадарци се одржува денеска во кавадаречкиот спортски комплекс „Јасмин“.
На турнирот, како што појасни Николчо Делов - претседател на КСРИ, покрај нивни членови, учествуваат и претставници на регионалниот еколошки центар „Еко - живот“ и „Лијонс клуб - Тиквеш“.
- Овој турнир е една од многубројните активности што ги организираме со цел подигнување на јавната свест за постоењето и прифаќањето на различностите, истакна Делов.
Тој додаде дека соработката на полето на инклузијата со овие и други субјекти, ќе продолжи и во иднина. Затоа што, како што нагласи, сите луѓе се исти и не треба да се делат по каква било основа.
Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, го прогласи турнирот за отворен.
МИА
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
