Хрватска и Србија финалисти на СП во ватерполо

Репрезентациите на Хрватска и на Србија ќе играат во финалето на Светското првенство во ватерполо што се одржува во Казањ. Двете селекции синоќа во полуфиналните дуели остварија победи.
Олимпискиот шампион Хрватска дури по изведувањето пенали ја совлада Грција со 15:13 откако претходно резултатот беше 10:10. Голманот на Хрватска Јосип Павиќ успеа да одбрани еден пенал, додека неговите соиграчи ги реализираа сите пет. Хрватска така успеа по три последователни порази во полуфинале, да се избори за натпреварот за златниот медал.
Во второто полуфинале Србија ја победи Италија со 10:6, а победата ја обезбеди во првиот дел откако на полувремето водеше со 8:2.
Со пласманот во финалето Хрватска обезбеди учество на ОИ во Рио, додека Србија тоа го направи со освојувањето на титулата во Светската лига, тоа значи дека и победникот во „малото финале“ ќе се пласира во Рио.
Финалето Хрватска – Србија ќе се игра во сабота, а во дуелот за бронзениот медал ќе играат Грција – Италија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
