Хренин: Западот се подготвува за воена акција, ова не е блеф

Воено-политичката ситуација со западните соседи на Белорусија е затегната и сложена – западните земји се подготвуваат за воена акција и тоа не е блеф – изјави денеска белорускиот министер за одбрана, генерал-потполковник Виктор Хренин.
Хренин за Првиот белоруски информативен канал изјави дека „ситуацијата може да се сумира во неколку зборови: затегната, склона кон радикализација и тешка“.
– Тоа го гледаме во постапките, пред сè, на властите на нашите соседни земји, кои одбиваат да сфатат дека е потребно да се намалат воените тензии. Тие (тензиите) се веќе на сериозно ниво, пред сè во информативниот простор, а постапките на лидерите на соседните земји исто така укажуваат на тоа. Тие, впрочем, не го кријат тоа, насекаде зборуваат ’се подготвуваме за војна’ … Веруваме дека тоа не се празни зборови или некаков блеф на тие политичари. Тие навистина го прават тоа – рече Хренин, пренесува агенцијата „РИА Новости“.
Тој додаде дека на западните земји „им се заканува Русија, и секако, Белорусија“.
– Имаме сојузна држава и тие ќе се борат против нас – рече Хренин.
Тој нагласи дека Белорусија, и покрај агресивната политика на западните земји, е подготвена за дијалог, пренесува агенцијата „Белта“.
– За тоа сме зборувале повеќе пати. Исто така сакам да им порачам нашата желба за мир да не ја доживуваат како слабост. Мислат дека сме исплашени. Ние воопшто не се плашиме. Но, совршено добро разбираме дека политичарите мора да се огласат, дека луѓето мора да се огласат со зборови, а не со топовски оган. И ние сме подготвени за ова, претседателот Александар Лукашенко тоа повеќе пати го истакна. Затоа велиме – ајде мирно да преговараме – истакна Хренин.
MИА
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
