Хилари Клинтон признава дека погрешила што гласала за војната во Ирак

Претседателскиот кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон изјави дека „било погрешно“ што во 2002 година во Сенатот на САД гласала за воена интервенција во Ирак.
Во дебата во Њујорк пред воените старешни на американската армија и воени ветерани, таа реагирала на ветувањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој изјавил дека како претседател „брзо ќе ги порази исламистите од ИД“.
Клинтон не дала такви ветувања, освен што рекла дека елиминацијата на ИД нема да се случи со испраќање американска војска во Ирак.
- Како претседател нема да испратам копнена војска во Ирак. Никогаш повеќе, рекла Клинтон, признавајќи дека поради грешката од пред 14 години, таа сега најдобро знае што не треба да се направи.
Поголем дел од прашањата од присутните воени старешини биле за нејзиниот случај со електронската пошта и користењето на нејзиниот приватен сервер за испраќање службени пораки и писма до најблиските соработници, во периодот додека беше државен секретар во Стејт департментот.
Републиканците и нивниот кандидат Трамп, тоа го користат за да ја дисквалификуваат Клинтон како евентуален претседател, обвинувајќи ја за „целосно погрешна проценка“ и за „загрозување“ на националната безбедност.
Во дебатата, по Клинтон учествувал и Доналд Трамп, кој ја обвинил за нејзиното гласање околу ирачката воена интеревенција во март 2003 година, кога претседател на САД беше републиканецот Џорџ Буш.
Тој сега ја уверува американската јавност дека бил „целосно против војната“.
Според американските медиуми, милијардерот Трамп и сега претседателски кандидат на Републиканската партија, во тоа време бил близок со демократите и со семејството Клинтон.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
