-->
-->
Хидинк пристигна во Лондон
-->

Искусниот холандски тренер Гус Хидинк, во петокот претпладне пристигнал во Лондон, пренесува порталот „goal.com“. Хидинк треба да биде наследникот на Жозе Мурињо на клупата на Челзи.
Хидик во својата кариера еднаш го преводеше Челзи, од 11.февруари до јуни 2009 година. Тогаш Холанѓанецот, кој беше селектор на Русија, привремено застана на чело на тимот од „Стенфорд Бриџ“ и во целиот мандат забележа еден пораз, а успеа да го освои ФА купот и да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде во контроверзно полуфинале испадна од Барселона.
Кога пред шест години пристигна како наследник на Луис Фелипе Сколари, навивачите посакуваа тој да остане во клубот, но сепак по завршувањето на сезоната сопственикот Роман Абрамович во клубот го донесе Карло Анчелоти.
Во англиската јавност уште сега започнаа шпекулациите кој ќе биде менаџер на Челзи по завршувањето на оваа сезона, Гвардиола, Конте или некој трет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
