ХДЗ со нова понуда до Мост за формирање влада

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на партијата Мост и достави нов предлог за продолжување на преговорите за формирање нова Влада на Хрватска, на кој одговор очекува најдоцна до понеделник, објави денеска весникот „Јутарњи Лист“.
Според истиот извор, ХДЗ во новата влада на Мост му нуди пет министерски места и должноста потпретседател на Владата. Според неофицијалните информации, во досегашниот тек на разговорите претставниците на Мост барале седум министерски места, едно вице-премиерско, како и функцијата претседател на Саборот.
Извори од ХДЗ за „Јутарњи лист“ изјавиле дека на партијата Мост и е оставено да реши дали ќе ја прифати оваа нова понуда или конечно ќе се повлече од понатамошните коалициски преговори.
- Покрај петте министри и местото потпретседател на Владата, Мост не може да ја бара и функцијата шеф на Саборот. Тоа би било навистина премногу, изјавил изворот од ХДЗ.
Претходниве денови во хрватските медиум се појавија информации дека лидерот на Мост, Божо Петров за себе ја барал функцијата претседател на Саборот, по што вчера се огласи лидерот на ХДЗ, Андреј Плнековиќ кој изјави дека неговата партија „не нуди ништо“, туку само разговара за многу прашања, па и за составот на идната влада и за поделбата на функциите во Саборот.
Во четвртокот медиумите јавија дека претставниците на Мост без образложение ги напуштиле преговорите со ХДЗ, додека се расправало за усогласување на програмската платформа за новата влада.
Меѓутоа извори во двете партии негираат дека има проблеми во преговорите и најавија дека тие ќе продолжат в понеделник, како што и било претходно договорено.
Пленковиќ вчера изјави дека преговорите „се одвиваат нормално и во согласност со договорената динамика“.
Ново на Сител
-

Ја задушил сопругата, телото го сокрил под гранки, па лажел дека му се јавила на сон за да ја спаси
-

Министерството за култура: Споменот на Владо Јаневски ќе живее преку неговите песни
-

Жештината одзема животи, илјадници без струја - стариот Континент сè уште ,,гори"
-

Влијателните ирански свештеници бараат Техеран да ги прекине преговорите со САД
-

„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
-

58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес
-

Почина режисерот Сашо Миленковски
