Хан бара ЕК да понуди нов формат во односите со Турција

Европската комисија ги повикува владите на земјите членки на ЕУ да размислат за промена во односите со Турција по референдумот во оваа земја, што го отвори патот за пошироки права на претседателот на земјата, пренесоа британските медиуми.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, од министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ побара на нивната средба на Малта, в петок, да размислат за нов формат на односи со Турција.
- Сегашната ситуација не е одржлива, посочи Хан, според кого треба да се најде формула која ќе го намали взаемното незадоволство и ќе ја засили соработката.
Еврокомесарот додаде дека ја споделува загриженоста на Советот на Европа, според кого, уставните измени на Ердоган се „опасен чекор назад“ за турската демократија. Според него, меѓутоа, ЕУ може да ја засили соработката со Турција во областите надвор од членството во ЕУ, кои ќе бидат од корист за двете страни.
Комисијата ги разгледува можностите за проширување на спогодбите за царинска унија со Турција.
Хан истакна дека какви и да бидат односите меѓу ЕУ и Турција, вклучувајќи ги и економските, почитувањето на владеењето на законот ќе остане од суштинско значење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
