Густ чад надвисна над Пекинг поради огнометите при дочекот на Кинеската нова година

Жителите на Пекинг повторно се соочија со густ чад, кој надвиснал над градот како последица на илјадниците огномети, кои беа истрелани вчера во чест на настапувањето на Кинеската нова година.
Голм број Кинези истрелаа ракети за огномет и покрај воведените ограничувања и јавните предупредувања против таквиот начин на прославување, поради силното загадување на кинескиот главен град.
Градските еколошки власти соопштија дека концетрацијата на штетни честички во воздухот довела мошне високо ниво на загадување, кое е на второ место во изминатите пет години.
Во 2014 година градските власти во Пекинг проглсија „војна против загадувањето“ со цел да се подобри состојбата на екологијата во градот. Програмата предвидува строги казни против загадувачите и нарушителите на мерките.
Најголеми предизвикувачи на загадувањето се согорувањето на јагленот за индустриски цели и затоплувањето на домовите.
Државната агенција Ксинхуа соопшти дека оваа година продажбата на ракети за огномет во Пекинг се намалила за околу пет проценти, но тоа очигледно е недоволно за да се намали еколошката криза во градот.
Стотици илјади лица во градот изутринава се движат по улиците по кои синоќа беше дочекана годината на Огнениот петел, при што носат маски на лицата, со цел да се заштитат од штетните честички. Тие се упатуваат кон големите пекиншки храмови и парковите, каде продолжува празнувањето.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
