ГШ на турската армија е под контрола на провладините сили

Генералштабот на турската армија веќе е под контрола на провладините сили, но мала група војници се уште пружа отпор и контролира неколку воени хеликоптери, изјави висок турски претставник.
Тој додаде дека пучистите користат хеликоптери, кои наскоро ќе бидат соборени. Нападите врз Парламентот и претседателската палата во Анкара веќе церлосно се прекинати.
Пучистите употребија хеликоптери и тенкови во обидот за преземање на власта.
Шефот на турската полиција Џељалетин Лекесиз изјави дека 16 пучисти загинаа во судирите во зградата на командата на воената полиција во текот на ноќта, а други 250 се уапсени, Тој додаде дека судирите продолжуваат, но оти набрзо ќе заврши.
Друг турски официјален претставник истакна дека 29 полковници и петмина генерали се сменети поради обидот за воен удар. Исто така се приведени 754 војници. Меѓу уапсените е генерал Мемдух Хакбилен началник на турската команда за егејскиот регион.
Досега загинале најмалку 60 луѓе за време на пучот, а најголем број од нив се цивили.
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека безбедносните сили „постигнале резултати на многу места“ и оти се победени пучистите.
Во меѓувреме пучистите го ослободија началникот на ГШ на турската армија Хулуси Акар, кој беше во заложништво во военовоздухопловна база во околината на Анкара.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
