-->
-->
Групата „Охрид“ ќе ја помага Македонија за ЕУ и НАТО
-->
Во Скопје беше промовирана неформалната група „Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО. Дел од оваа група, која на прес-конференција ја претстави премиерот Зоран Заев, се поранешни дипломати и високи функционери, а ја предводи поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон. Во групата, освен Џорџ Робертсон се вклучени и поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд и истакнатите дипломати Кристофер Гајд, Роберт Гелбард, Ален Ле Роа, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон, Зоран Чичак, поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев и други.
Робертсон посочувајќи дека поминале 17 години, отако последен пат се обратил на прес-конференција во Македонија, истакна дека името Група Охрид е избрано, бидејќи тој град има големо значење за земјата, со оглед на тоа дека таму е потпишан Охридскиот договор, но исто така тоа е и град заштитетн од УНЕСКО.
- Поминаа 17 години кога последен пат се обратив на прес- конференција во Скопје, но тогаш бев во време кога Македонија се соочуваше со криза, а земјата сега почнува да го трасира својот пат кон просперитетниот свет, рече Робертсон.
Македонија, во еден период од неговиот живот, била во фокусот на неговото внимание и како што рече постоела можност за нејзина поделба, но сепак тоа не се случило бидејќи лидерите на земјата застанале заеднички и храбром да се движат кон иднината.
Потсети дека околу 11 пати заедно со Солана ја посетиле земјава и биле сведоци на потпишувањето на Охридскиот договор.
- Земјата, која беше на работ на граѓанска војна, стана земја, која тропна на европските врати и ја разбра потребата за подобра иднина, рече Робертсон.
Нагласи дека новата група ќе ги советува Владата и министирите, но ќе биде достапна и за опозицијата и претседателот на државата.
На презентацијата на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија организирана од Комисијата за европски прашања вчера во Собранието беше и експертот за Балканот и и професор на Унивезритетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон Даниел Сервер.
- Триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и вие. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност, рече Сервер.
Тој истакна дека ЕУ помина тешки 10 години, а промени се случија и во администрацијата на САД. Но, и покрај сите тие промени и несигурности, САД и ЕУ и нивната политика кон Балканот останаа исти, а тоа е, додаде, сите земји од Балканот кои сакаат да бидат дел од ЕУ да станат нејзини членки.
- Тоа е најдобрата сигурност која ја имаме за постојан мир и сигурност. Иако имавте сомнежи за Европа и Европа имаше сомнежи за вас, но економијата на Европа полека се опорави и стана многу повнимателна на проблемите кои ги создаде Путин од инвазијата на Украина, обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година и обидот за убиство на поранешниот руски агент Скрипал оваа година. ЕУ вознемирена од ситуацијата со Русија во февруари го отвори прозорецот за политички преговори. Оние кои ќе се квалификуваат од Балканот до 2025 година, може да се надеваат дека ќе станат членки две години подоцна. Колку неверојатна можност претставува ова? Ќе биде тешко да се влезе во ЕУ зашто ништо не е гарантирано, но тоа е и неверојатна можност за вашата земја да стапи на патеката за членство во ЕУ и во НАТО, рече Сервер.
Тој се осврна на сите реформи кои престојат пред Македонија, а кои се наведени, како што кажа, и во самиот Извештај на ЕК укажувајќи на потребата од деполитизицаја на судството и администрацијата, борбата против организираниот криминал и корупцијата итн.
Сервер го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот. Се осврна и на спорот за името со јасна порака дека тоа мора да се реши како еден од предусловите за членство на земјата во ЕУ и НАТО.
- Дури и ако ги направите сите нешта кои ги бара ЕУ, дали Атина се уште ќе биде проблем. Краткиот одговор е да, но имате избор. Постојат две насоки – надолна спирала на очај и според мене тоа е тажно сценарио и другата насока која ја одбравте пред една година е да се издигнете, односно таа е спиралата која ги прифаќа условите на НАТО и ЕУ и ја одржува државата на ова ниво, а кое со тек на време ќе го издигнува, а тоа е она што јас би го избрал, рече Сервер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
