Груевски: В недела да им одговориме со пркост

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш била и ќе биде заштитник на македонските национални интереси и заштитиник на државата и сите граѓани во неа. Ние сме со вас и во добро и во лошо, и во убави времиња и во тешки времиња, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот промотивен митинг во Новаци.
Не смееме, порача, да дозволиме новата власт да навлезе во Новаци. В недела да им одговориме со пркост, да излеземе гордо, достоинствено, со крената глава да гласаме за сегашниот и иден градоначалник Лазар Котевски.
- Со победата на Лазар Котевски во Новаци за сите деца од прво до петто одделение ќе се обезбеди здрав и бесплатен оброк со што родителите ќе се растоварат од плаќања. Општината Новаци за семејства кои немаат сопствен дом ќе обезбедат земјиште со посебна цена од едно евро по квадрат за секој што сака да купи земјиште и изгради своја куќа. Општината драстично ќе ги намали комуналиите, а најтешките социјални случаи ќе им се укинат комуналиите за да можат да градат сопствен дом, истакна Груевски.
Планираме, додаде, изградба на цевковод за водоснабдување на населените места Живојно, Добровени, Брод, ветуваме изградба на водовод во селото Мегленци и санација на браните и водособирниците во селата Арматуш, Грумази, Долно Орехово и Живојно.
На вечерашниот предизборен митинг во Новаци, Груевски јавно ги критикуваше политиките на Владата посебно во економскиот дел, земјоделството и надворешната политика.
- Кога ќе гласате за градоначалник, помислете дека гласате и за партија која ги штити државните и националните интереси, нагласи Груевски и побара поддршка за победа на Лазар Котевски во вториот круг од локалните избори.
Актуелниот градоначалник на општина Новаци Лазар Котевски на вечерашниот собир пред членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на реализираните проекти во неговиот мандат и најави континуитет и домаќинско работење во локалната самоуправа.
- Горд сум на моите дела што во изминатите 12 години ги направив како градоначалник. Реализирав бројни проекти од образование, култура, инфраструктура,...постигнавме голем степен на развиеност на нашата општина. Ние сме една од ретките рурални опшини во Македонија со многу проекти поддржани од фондовите на ЕУ, ние сме афирмирана општина и секаде сме препознатливи. Во новата програма нудам 170 конкретни проекти кои се реално остварливи, отворена општина, бидејќи јас сум за вас, порача Котевски на вечерашниот предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Новаци.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
