Груевски оствари средба со конгресменот Бил Пасквел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со конгресменот од Њу Џерси Бил Пасквел.
Соговорниците дискутираа за повеќе теми и сфери кои се од значење за Република Македонија, афирмирајќи ги интересите поврзани со интеграциите во НАТО, зајакнување на македонско американските односи и потенцијалите за нивно интензивирање.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Пасквел изјави дека се разговараше за повеќе аспекти поврзани со Македонија, за предизвиците со кој се соочува и стратешките цели вклучувајќи го и членството во НАТО
заслужува да стане членка што побрзо, при што и тој со своите капацитети ќе се вклучи во презентирањето на капацитетите кои ги поседува Република Македонија на тој план.

-Македонија припаѓа во НАТО алијансата. Македонија треба поскоро да стане членка во НАТО. Големите и малите држави треба да бидат членки на НАТО и ова е силна порака против секој кој што има идеја да се спротивставува на членството на малите држави. Сакам Македонија да стане членка на НАТО и ќе направам се што можам, што е во моја сила и капацитет да направам тоа да се случи, изјави Бил Пасквел.
Тој осврнувајќи се на состанокот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека се работи за продуктивна средба, и се надева дека Македонија по изборите ќе се врати на патеките на напредокот и ќе продолжи со економските достигнувања важни за граѓаните.
-Одличен состанок, Груевски е многу отворен за соработка и луѓето од неговата делегација, јас имам одлично мислење и така гледам и на Македонија. Имате многу убави работи, а Македонија ќе биде и уште подобра и понапредна во годините што следуваат, изјави Пасквел.

Во изјавата Груевски се осврна и за целокупната посета на Соединетите Американски Држави при што изјави дека сите посети досега беа во еден позитивен дух.
-Се сретнавме со повеќе конгресмени, сенатори, други политички личности, со кој споделивме многу информации, дадовме детали за работи кои можеби доволно не ги знаеа, а со цел да помогнеме во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија, зајакнувањето на односите со САД и секако нашата стратешка цел членство во НАТО, каде САД има клучно влијание, како и другите цели, вклучувајќи го членството во ЕУ и нашите планови за понатамошен напредок на Република Македонија, изјави Груевски.
Ново на Сител
-

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран
-

Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов фатен со заѕидани 350.000 евра
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
