Груевски од ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ да се извинат, анкетниот лист е навремено доставен
Анкетниот лист е навремено доставен, а јас барам извинување за кажаните невистини, вели либерал-демократот Валентин Груевски директор на „Национални шуми”, кој објави како доказ фотографии за препорачаните пратки до ДКСК.
– Вчера на прес-конференцијата еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, објави податок дека не сум го доставил мојот имотен лист и дека можеби ја кријам мојата куќа во Битола и Ресен. Да не беше смешно, ќе беше жално, или пак обратно, вели тој.
Груевски додава дека куќата во Битола е изградена во 1985 година и е наследство од неговиот татко, а во неа живее со сопругата над 20 години.
– Куќата во Ресен, с. Курбиново, е со големина од цели 22 м2 и истата е 1/4 од стара куќа, градена пред 50-тина години. Наводно сум го скрил и Голфот, пријателите мои го знаат, произведен е 2009 година, вели тој.
Либерално демократска партија (ЛДП)
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
