-->
-->
Гром усмрти 23-годишна сурферка од Ел Салвадор
-->

Салвадорската сурферка Катарине Дијаз го загуби животот по удар на гром за време на тренингот за претстојните квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Меѓународната сурферска федерација (ISA).
Несреќата се случила непосредно откако 23-годишната Диаз влегла во водата.
Ел Салвадор од 29 мај до 6 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во сурфање, на кое седум најдобропласирани натпреварувачи, кои сè уште се без олимписка норма, ќе обезбедат настап на Олимпијадата во Токио. Сурфањето на претстојните летни Олимписки игри во јапонската престолнина за прв пат ќе се најде на олимписката програма.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
