Грковска повика на фер избори

Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот процес, пишува вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска во отвореното писмо до учесниците на изборите.

Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, како што потенцира Грковска, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности.
-Нашата генерација не смее да си дозволи репризи на сцени од не толку далечното минато, случаи на заплашувања и злоупотреби, на компромитирани изборни процеси кои ја уназадуваа државата. Наша споделена должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право. Институциите се први на линијата на одговорност, но удел во целата слика има секој од нас, наведува Грковска.
Според неа, без оглед на нашите политички афилијации или припадност, приоритет во политичкото дејствување мора да биде добросостојбата на граѓаните и взаемната доверба меѓу заедниците во нашето мултикултурно општество.
-Тоа значи, не само да се придржуваме до одредбите во изборниот и другите закони, туку да поставуваме повисоки етички стандарди пред себе. И така директно придонесуваме државата да оди напред. Секој со својот пример, секој со својот дел од одговорноста, а за сечие добро, истакнува Грковска.
Во овие времиња полни со предизвици, како што нагласува, особено е важна транспарентноста на изборните кампањи, бидејќи на граѓаните мора да им се овозможи да носат одлуки врз основа на точни информации, истакнува вицепремиерката.
-Лажните вести, штетните наративи и дезинформациите служат токму за спротивното. И затоа е важно сите политички субјекти да ги презентираат своите програми на отворен и чесен начин, без манипулации, истакнува вицепремиерката.
Според неа, подеднакво е важно да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс, а во насока на унапредување на севкупната политичка култура во земјава.
-Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители, и затоа е важно секој носител и претендент за функција да води со личен пример, придржувајќи се до етичките стандарди и демократските принципи. И во ниту еден момент да не се заборави дека секој што ја бара довербата на избори, треба да делува во најдобар интерес на нашите граѓани и држава, истакнува Грковска.
Ново на Сител
-

Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути
-

Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела
-

Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години
-

Уапсен 37 годишник во Охрид, пронајдени пушки, револвер и рачни бомби
-

Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран
-

Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата
-

СП 2026: Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо по натпреварот против ДР Конго
-

Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП
