Грчките медиуми за распуштањето на Собранието

„Распуштено Собранието во Македонија“; „ Македонија: Предвремени парламентарни избори на 12 април“; „И официјално оди кон избори Македонија“; „ Македонија: Распуштено Собранието – предвремени парламентарни избори“, се дел од насловите во грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текстот на АНА-МПА, пишува дека за распуштањето на Собранието „гласаа пратениците од сите партии“ и дека изборите ќе се одржат на 12 април 2020 година.
-Одржувањето предвремени парламентарни избори, побара минатиот октомври, тогашниот премиер на Македонија, Зоран Заев, по одбивањето на Европскиот совет да започнат пристапните преговори на Европската унија со Македонија, пишува грчката новинска агенција.

Паралелно, во посебни извештаи, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајнен, за време на неформалната работна вечера во Брисел за Западен Балкан.
-Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајнен изјави дека сака балканските земји да се поврзат колку е можно потесно со Европската унија, обидувајќи се да ја сменат атмосферата на разочараност поради инсистирањето на претседателот на Франција Емануел Макрон да не одобри почеток на интегративниот процес, пишува АНА-МПА.

-Европски извор објасни дека целта на оваа неформална работна вечера беше „да започне политички дијалог на највисоко ниво со Македонија, Србија, Косово, Албанија, Црна гора и Босна за да се сфатат нивните очекувања пред да започнат подготовките за самитот во Загреб на 17 мај“, пишува „Катимерини“ во текстот во кој користи информации од грчката, германската и француската новинска агенција.
Во продолжение, ги пренесува и изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кои лошото време во Брисел и тешкотиите со кои се соочија при слетувањето, метафорично ги искористија за да се осврнат на европскиот пат на двете земји.
Ново на Сител
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
