Грчките медиуми за интервјуто на Заев на ТВ Алфа

„Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по синоќешното интервју на македонскиот премиер за грчката телевизија Алфа.
Грчките медиуми, во извештаите, јавува дописникот на МИА од Атина, акцентот го ставаат на ставовите на Зоран Заев, во однос на убеденоста дека постои решение, оптимизмот, волјата и расположението за решавање на прашањето за името, но и позициите на македонскиот премиер за „црвените линии“.
-Убеденост дека постои можност за изнаоѓање решение во прашањето за името на пЈРМ, и тоа до крајот на првите шест месеци од 2018., изрази премиерот на земјата, Зоран Заев. Во интервјуто за телевизијата Алфа, господинот Заев, рече дека наводите за „црвени линии“, нема да бидат причина или оправдување за да се постават ограничувања во разговорите, објавува грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ во текстот што го пренесоа речиси сите онлајн изданија на грчките медиуми.
Новинарите од грчката телевизија Скај, во утринската информативна емисија, коментирајќи го интервјуто, како што јави дописникот на МИА од Атина, рекоа дека во изминатите денови и од двете земји, се чини дека постои волја и оптимистичка клима за конечно решение.
- Заев испрати јасна и оптимистичка порака дека може да се реши проблемот, дека не постојат црвени линии, а она што е важно е дека Скопје сака решение до крајот на првата половина на 2018., коментира новинарката од ТВ Скај и потенцира дека македонскиот премиер во интервјуто испратил пријателски пораки до Грција и на неколку пати ги искористил термините „пријатели“, „пријателска земја“ и „соработка“.
Судејќи според досегашните анализи во медиумите, за Атина, од особена важност е да постојат конкретни и практични чекори од македонска страна, а како пример ги наведуваа преименувањата на аеродромот или автопатот. Затоа, и во текстовите посветени на интервјуто на македонскиот премиер, ја споменуваат и изјавата на Заев во однос на Александар Велики и евентуалните преименувања.
- Повтори дека пЈРМ не е единствениот наследник на Александар Велики, истакнувајќи: „Јас тоа јавно го изјавив, бидејќи повеќе верувам во иднината на нашата држава, отколку да бидам заглавен во предрасудите од минатото, затоа што знам дека Александар Велики може да биде нешто кое што ќе не спојува сите, а не да нѐ дели“, пишува грчката државна новинска агенција, пренесува МИА.
Веднаш по завршувањето на централните вести на грчката телевизија Алфа, точно во 20 часот, започна 20 минутното интервју на македонскиот премиер.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
