Грчката Влада нема намера да распише предвремени избори

Владата на Грција нема намера да распише предвремени избори, се додека не ги заврши преговорите со своите партнери од еврозоната за новиот пакет помош, изјави портпаролката на Ципрас, Олга Геровасили.
- Избори во моментов не би биле корисни и Владата нема намера сега да ги организира, рече таа и додаде дека „целта е да се финализира договорот со Европа, земјата да се врати во нормала и да се постигне стабилност“.
Ципрас минатата недела претрпе голем удар во Парламентот при гласањето за новите мерки за штедење, кои ги бараат кредиторите во замена за новата помош од 86 милијарди евра, кога против договорот со доверителите гласаа околу петтина од пратениците на владејачката Сириза, меѓу кои и тројца министри.
Грчкиот премиер тогаш мораше да се потпре на гласовите на опозицијата за да ги протурка непопуларните реформи, додека во среда е на уште еден тест кога во Парламентот ќе се гласа за вториот пакет мерки за штедење, поврзани со банкарството и судскиот систем.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
