Граѓаните нема да поднесуваат годишни даночни пријави

Граѓаните ќе немаат обврска да поднесуваат до Управата за јавни приходи годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи.
Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за персонален данок на доход кои беа разгледани на вчерашната седница на Владата на Република Македонија.
Според предлог-законот, наместо граѓаните тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.
Годишна даночна пријава граѓаните ја поднесуваат за остварени дополнителни приходи во годината што изминува, а пријавата се поднесува најдоцна до 15 март во тековната година.
Обврска за поднесување годишна даночна пријава имаа граѓаните кои покрај платата или пензијата, оствариле приходи како на пример по основ на закуп, авторски договори,...
Оваа година за приходи остварени во 2016 година се поднесени околу 400.000 годишни даночни пријави.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
