„Градиме нови генерации“ - мото на јубилејниот „ДримON“

Со дваесеттина настани, преку 40 учесници и петдневна програма под мотото „Градиме нови генерации“, денеска во Струга почнува јубилејното 5. издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“.
„ДримON“ ќе се одржува до 30 јули, во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
Како што најавува тимот на Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА), публиката ќе има можност да погледне внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, подгтовени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социо -културна сцена.
- И оваа година „ДримON“ е солидаризиран со граѓанските каузи и одбра актуелни теми со кои нашето општество мора итно да се справува. Меѓу генералните вертикали кои се испреплетуваат во петдневната програма е темата за афирмација на жената како автор, творец, идеен носител на општествените промени, одразени преку специјалната фестивалска селекција „За женски каузи“ поддржани од страна на „Цивика мобилитас“, како и фестивалска селекција „Мрдни со прст за справување со оптадот“, велат од ИНКА.
Публиката на фестивалот ќе има можност да учествува на дискусии за загадувањето од струшката депонија, за пристапноста и способноста на институциите и општеството за лицата со посебни потреби, за клиентелизмот во медиумите, како и за учеството на жената во социо- културниот живот.
„ДримON“ застанува и зад правата на пристапност и правото на фер информирање, со што, според ИНКА, ова издание тежнее за едно поубаво општество за новите генерации, кое го акцентира правото на култура, забава и афирмација на заеднички вредности.
Годинашниот јубилеен „ДримON“ е поддржан преку ад-хок грант на програмата „Цивика Мобилитас“ со кој се финансира селекцијата на жени авторки и „Мрдни со прст“ кои заедно со волонтерски ангажман на заедницата ја помагаат инфраструктурата на зелената зона. НУЦК „Браќа Миладиновци“ е копродуцентски партнер.
Ново на Сител
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
