Горивата поскапуваат за еден до 1,5 денар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,23 отсто.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 58, односно 50 денари. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денар по литар и ќе се продаваат за 60,5 и за 39 денари.
Со одлуката на РКЕ за 1,353 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,613 денари.
Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-

Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран
-

До четврток нестабилно време со дожд и утрински температури под нулата
-

Во домот на 50-годишник во Аеродром пронајдени 41 саксија канабис | ВИДЕО
-

ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата
-

Таткото на Ејми Вајнхаус загуби судски спор за аукција на предмети на неговата ќерка
-

Почина новинарката Гордана Дувњак
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, температура до 21 степен
