-->
-->
Голд куп: Победи на Мексико и ТТ
-->

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс, како што пренесуваат американските медиуми, ќе потпише едногодишен договор со Кливленд. Според ESPN, Џејмс ќе потпише договор на една година вреден 23 милиони долари, со опција истиот да биде продолжен за уште една година и кој може да му донесе 24 милиони долари.
Потегот на Џејмс е очекуван откако на 1.јули стана слободен агент бидејќи реши да не ја кативира последната година од двегодишниот договор. Никој од аналитичарите и стручњаците не очекуваше дека Леброн ќе го напушти Кливленд.
‘Кралот Џејмс’ минатата сезона се врати во Кливленд и го предводеше тимот до големото финале во НБА лигата каде Кливленд загуби од Голден Стејт.
Џејмс се решил да остане во Клувленд откако истата одлука ја донесоа Кевин Лав и Имам Шамперт, а клубот започна разговори за продолжување на соработката со центарот Тристан Томпсон.
Исто така Кливленд постигна договор и со Мо Вилијамс, кој минатата сезона значително напредување покрај Џејмс.
Леброн Џејмс минатата сезона, во регуларниот дел, ја бележеша најдобрата статистика во кариерата, а во плејофот беше брилијантен со просечни 30 поени, 11 скокови и девет асиистенции по натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
