Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време
Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни проверки кои се неопходни, вакцинацијата може да трае повеќе од една година.
„Ќе ни треба време за попрецизна анализа на студијата за пуштање вакцини на пазарот и дури потоа ќе дадеме свое мислење, а потоа вакцината ќе биде доставена“, изјави во разговор за „Рајнише пост“ Томас Мертенс, претседател на Постојаната комисија за вакцинација на Институтот „Роберт Кох“, објави Хина.
Тој посочи дека надлежната институција во САД сè уште не дала дозвола за испорака, иако тие ја започнаа проверката многу порано.
Претседателот на Комисијата, кој дава препорака за вакцини во Германија, истакна дека вакцинирањето на германските граѓани ќе трае можеби цела следната година.
„Вакцинацијата не може да се направи за една година: ако вакцинираме 150.000 до 200.000 граѓани на ден, пет или шест дена во неделата, се разбира, под услов да ни бидат достапни вакцини, доаѓаме до заклучок дека ни требаат 100 дена за 15 милиони граѓани“, рече Мертенс.
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека 60 до 70 проценти од населението треба да постигне имунитет на Ковид-19 или со вакцинација или со инфицирање и дека само тогаш владата може постепено да ги укине мерките како што е онаа што забранува приватни собири.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
