Германски болничар усмртил триесетина постари пациенти

Германски болничар кој ја издржува казната доживотен затвор, за две други убиства, е осомничен за убиство на триесетина постари пациенти, со бризгување силна доза лекови за срце, пишуваат медиумите во Германија.
Претставник на истражните органи, изјавил за неделникот „Шпигел„ дека била наредена ексхумација на 99 негови поранешни пациенти, а истрагата покажала дека кај 27 од нив, биле најдени траги од лекарствата со кои се убивани луѓето.
Полицијата не го соопштува целосниот идентитет на болничарот, освен како Нилс Х. (39).
Тој во февруари 2015 година, беше осуден на доживотен затвор.Во текот на тоа судење им признал на судиите дека има убиено 30 други пациенти.
Сите убиства се случувале во периодот меѓу 2003 и 2005 година, во болниците во местата Олденбург и Вилхелмсхавен, каде во тоа време работел осомничениот масовен убиец.
Германското обвинителство соопти дека е многу веројатно болничарот да се соочи со ново обвинување.
Доколку биде прогласен за виновен, Нилс Х. ќе биде еден од најозогласените сериски убијци во повоена Германија.
Ново на Сител
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
