Германија и Франција оптимисти за прашањето на грчкиот долг

Министрите за финансии на Франција и на Германија изразија синоќа во Вашингтон оптимизам за можноста да биде постигнат договор за прашањето за долгот на Грција. Тие одново повторија дека е неопходно ММФ да го продолжи своето учество во плановите за спасување на економијата на таа држава.
- Го искористивме тоа што во Вашингтон се собраа многу политички и финансиски шефови за да напредуваме во вистинска насока, изјави на прес конференција францускиот министер за финансии Мишел Сапен.
Во Вашингтон тој и грчкиот колега Евклидис Цакалотос учествуваа во пролетни средби на ММФ и Светска банка.
– Контактите ветуваат дека би требало да можеме да добиеме договор на неофицијалната средба во Амстердам на 22 и 23 април на 28-те министри за економија и финансии во ЕУ, вели тој.
Грција се обидува да постигне договор со кредиторите за продолжување на планот за спас донесен во летото 2015 година. ММФ најави дека ќе учествува само ако Атина преземе нови реформи и ако Европа сака да отпише дел од грчкиот долг.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
