Генералниот секретар на ОН загрижен поради можно иранско прекршување на ембарго за оружје

Генералниот секретар на ОН изрази загриженост пред Советот за безбедност дека Иран може да не го почитува ембаргото за оружје доставувајќи ракети и друго оружје за либански Хезболах.
Извештајот во кој увид имале западни медиуми, ќе биде разгледан од СБ на 18 јануари. Во него се споменува за обвиненија од Франција дека пратка со оружје запленета во март во северниот дел од Индискиот Океан, била од Иран за Сомалија или Јемен.
Поголем дел од санкциите на ОН врз Иран беа укинати пред година во согласност со меѓународен договор за нуклеарната програма на државата. Иран се уште е под оружено ембарго.
Извештајот бил претставен во СБ на ОН на 30 декември од веќе поранешниот генерален секретар Бан Ки-мун кој на функцијата од 1 јануари го замени Антонио Гутереш.
Во извештајот Бан цитира лидер на Хезболах од 24 јуни 2016 година дека буџетот на либанското движење е обезбеден од Иран. Тој изразува голема загриженост поради тој факт кој според него, може да значи непочитување на резолуција на СБ на ОН.
Ново на Сител
-

Заразени патници од смртоносниот хантавирус на крузер пристигнуваат во Европа
-

Започна „Генералка викенд“: Илјадници волонтери чистат низ цела Македонија
-

Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ
-

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки
-

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека утрово пресретнале ирански ракети и дронови
-

Рубио најави нови санкции против Куба и кубанскиот воено-индустриски сектор
-

Европското здружение за кардиологија објави нови упатства за исхрана за лица со срцеви проблеми
-

Бугарскиот Парламент денеска гласа за кабинетот на мандатарот Румен Радев
