Габриел: Германската стабилност е загрозена од новите политики на САД

Новите политики на Админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп насочени против потпишаните меѓународни договори, преставуваат сериозна политичка и економска закана и ја ставаат Германија на ризик, смета германскиот миниситер за надворешни работи Зигмар Габриел.
Шефот на германската дипломатија, кој е воедно и лидер на втората најсилна германска партија, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), смета дека политиките на Белата Куќа на долг рок се закана и за САД.
За време на конференција посветена на меѓународното право, Габриел изјавил дека американскиот затвор во воената база Гуантанамо на Куба и забранта за патување на граѓани на одредени доминантно муслимански држави во САД, се против германските вредности.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Габриел најави дека тој ќе работи со новата Администрација на САД со цел да се потенцира значењето на важноста на меѓународните договори. Габриел очекува пораките во врска со оваа активност да бидат пренесени во текот на голем број на посети на САД во блиска иднина.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска заминува во Вашингтон, каде што утре за сите отворени прашања меѓу САД и Германија ќе разговара со Трамп.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
