Форбс: Џенифер Лоренс повторно најплатена актерка во светот

Оскаровката Џенифер Лоренс втора година по ред е најплатена aктаерка во светски рамки, иако годинава заработи шест милиони долари помалку во однос на минатата година.
Изминатава година, ѕвездата од „Игри на гладните“ заработила вкупно 46 милиони долари, благодарение најмногу на нејзиниот ангажман во последниот, четврти филм од серијалот, и во „Патници“, којшто својата премиера ќе ја има во декември. Овој податок повторно ја смести Лоренс на врвот на листата на Форбс.
Зад неа на листата се наоѓаат Мелиса Мекарти, Шарлиз Терон, Џенифер Анистон, Џулија Робертс, Мила Кунис и многу други познати актерки.
Во 2012, Џенифер Лоренс го доби „Оскарот“ за главна женска улога во „Тетратка со сребрени линии“, па оттогаш нејзината кариера оди само по нагорна линија. Лани таа заработи 52 милиони долари.
Ново на Сител
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
