„Фокус“: Сиромашните плаќаат за реформите во Грција

Тежината од реформите во Грција паѓа врз плеќите на сиромашните, пишува германското списание „Фокус“.
Поддржувачите на Ципрас се надеваа дека премиерот ќе им воведе даноци прво богатите, се вели во текстот од дописништвото на „Фокус“ во Атина под наслов „Само сиромашните плаќаат за реформите“.
- Ципрас не го исполни ветувањето. Од 13-та пензија и даночните олеснувања заработија и богатите... Посиромашните се оние, кои ќе го понесат товарот на новите мерки за штедење, за кои беше донесена одлука на средбата во Малта. Освен тоа даноците од недвижностите ја претвораат Грција во една од најскапите земји за поседување имот, пишува „Фокус“ и додава дека соодветните даноци се повисоки од тие во Германија.
Од друга страна цените на имотите не паѓаат, а од тоа корист имаат се почество странците надвор од ЕУ, кои минатата година купиле недвижности за 250 милиони евра, пишува списанието.
„Фокус“ додава дека истовремено многу Грци се немоќни да си ги плаќаат кредитите и даноците и на тој начин се соочуваат со опасност да ги загубат имотите.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
