Финска: Русија е „сериозно вклучена“ во транспортот на мигрантите до нивната заедничка граница

Висок претставник на финската гранична полиција, Томи Кивенјуриизјави дека властите во Русија, најверојатно, ќе бидат силно вклучени во превезувањето мигранти до единствените два гранични премини меѓу двете земји, кои се уште остануваат отворени.
Во изминатите две недели, повеќе од 500 баратели на азил влегле во Финска од Русија, главно државјани на Јемен, Сомалија, Сирија и Ирак.
Наглото зголемување на овие случаи го натера Хелсинки да затвори четири контролни пунктови долж финско-руската граница, при што само оние во Вартиус и Сала продолжуваат да прифаќаат барања за азил.
Додека финската Влада размислува да ја затвори целата граница, луѓето продолжуваат да пристигнуваат во Вартиус и Сала. – Пристигнуваат од Русија, со автомобили и камиони.
Слегуваат во близина на финската граница и им даваат велосипеди за да го поминат последниот дел.
Многу е веројатно дека руските власти се сериозно вклучени во транспортната операција, изјави шефот на правниот оддел на финската гранична стража Кивенјури, додавајќи дека најверојатно помагаат и граничарите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера ги отфрли обвинувањата дека Русија намерно ги насочува илегалните мигранти кон финската граница.
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
