Филипче: Семејството на Верица ќе добие целосна поддршка за решавање на проблемот со вработување

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска остварил средба со семејството на Верица, младата девојка што трагично го загуби животот, но чии родители решија да ги донираат нејзините органи.
„Денес се сретнав со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, но чие семејство ги донираше нејзините органи. Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест. Органодарителството е највисок чин на хуманост, драго ми е што се повеќе граѓаните стануваат свесни за неговата важност“, напиша Филипче.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
