Македонија
7. April 2026 - 16:35

ССМ на протест за поголеми плати

Сојузот на синдикати на Македонија најавува голем протест на 1 мај со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден на трудот.

Под мотото „Се бориме за зголемување на платите, а не се молиме“, протестот  ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом, а со него повторно ќе се бара зголемување на минималната плата и на сите останати плати.

Според првиот човек на ССМ, законското усогласување на платите од 1600 денари, не е доволно да ги покрие зголемените трошоци за 2500 денари од почетокот на годината.