Филипче: Поготвени сме за избори во кое било време

Јас сум прилично сигурен дека предвремени избори ќе има. Дали ќе бидат на крајот на оваа година или на почетокот на следната година тоа зависи од неколку фактори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска одговараше на новинарско прашање во Собранието дали е за одржување на предвремени парламентарни избори.
- Оваа Влада ја носи државата во амбис, а во однос на нашата подготвеност апсолутно во било кое време сме спремни да настапиме на избори. Притоа мислам дека конечно на граѓаните им е јасно за каква Влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда, со којашто тие дојдоа на власт во 2024 година, да потсетам со националистичка реторика, со лажна пропаганда дека СДСМ се предавници на националните интереси, ветуваа подобра преговарачка рамка, а што направија ја изолираа земјата, вели Филипче.
Лидерот на СДСМ додаде дека поради лошите политики ќе страда индустријата во следниот период нема повеќе да функционира какошто функционираше досега транспортниот сектор.
- Камионџиите ги блокираат граничните премине не без причина. Тие имаат реален проблем, ние знавме дека во 2025 година, каква одлука донесе Европската Унија. Се поставува прашањето: што Владата направи на тоа поле? Ние ќе бидеме се повеќе и повеќе изолирани со оваа Влада, на маргините на Европската Унија, рече Филипче.
Тој смета и дека САД нашиот најголем стратешки партнер, исто така „не става понастрана“.
- Оваа Влада нема покана за Одборот за мирот на претседателот Трамп и неговата администрација. Има други земји во регионот. Тоа е само доказ дека Владата намерно ја води земјата во изолација, носејќи сомнителен капитал, соработувајќи со авторитарни режими во регионот, гушејќи ја демократијата и слободата на говор и тоа едноставно не води никаде, изјави Филипче.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
