Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба. На 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 – годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 – годишна жена и 60 – годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија, соопшти Министерството за здравство.
– По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од Ковид-19, продолжуваме со реализација на програмата за трансплантација. Кон крајот на мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
