Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени
![]()
Февруарските температури на воздухот во земјава годинава се повисоки за 2,5 степени во однос на многугодишниот просек од 1981 до 2010 година. Четиринаесет дена во февруари е забележана температура над 10 степени, а највисоката измерена е 21,6 степени во Гевгелија на 2 февруари.
Средната месечна температура на воздухот се движела од 1,5 степен во Маврово до 8,2 во Гевгелија. Ниски температури под нулата се регистрирани на целата територија најчесто во планинските области.
Средната максимална температура е од 7,5 степени во Маврово до 16,1 степен во Гевгелија, додека измерената средна минимална е од минус 3,8 степени во Берово до 2,1 степен во Гевгелија.
Врнежите во текот на февруари биле во рамки на многугодишна просечна вредност.
Просечно сума врнежи во февруари се движи од 15,9 мм во Гевгелија до 102,9 мм во Маврово. Според распространетоста на територијата, запазен е трендот, но само во области над 300 метри надморска височина. Временски, врнежите биле застапени во текот на трите декади од месецот, но количински најмногу ги имало во првата декада. Забележани се врнежи од дожд, снег и замрзнат дожд.
Најмногу дожд на дневна основа од 39,8 мм е измерена во Маврово, каде е измерена и највисока снежна покривка од 41 см на 6 февруари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
