Фејсбук ќе плати казна од пет милијарди долари на ФТЦ

Владата на САД денеска ја објави казната од страна на Федералната комисија за трговија (ФТЦ), со која се бара Фејсбук да плати пет милијарди долари за непочитување на приватноста на своите корисници.
Според написот на „Вашингтон пост“, таа казна предвидува и надзорни мерки и одредени ограничувања во работењето на компанијата, но за одлуката на ФТЦ извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг е одговорен само делумно лично.
„Вашингтон пост“ истакнува дека тоа е најголема казна изречена од ФТЦ.
– Во спогодбата постигната од Фејсбук и Федералната комисија за трговија на САД, директорот Марк Закерберг се заложи дека лично ќе гарантира дека неговата компанија ќе се придржува кон своите програми за приватност, се вели во текстот.
ФТЦ исто така се закануваат со кривични и други казни во случај на лажни гаранции.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
