Фајненшл Тајмс го смени насловот на текстот согласно изјавата на Димитров

По реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија редакцијата на Фајненшел Тајмс го смени насловот на текстот од интервјуто со министерот за надворешни работи Никола Димитров, согласно неговата
Фајненшл Тајмс предходно објави наводна изјава од Димитров дека „Македонија ја разгледува можноста да го смени името за да влезе во НАТО“.
Шефот на македонската дипломатија за Фајненшел Тајмс, меѓу другото, вели дека членството во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевање во регионот, додал Димитров за британскиот весник, во пресрет на неговата посета на Брисел и Атина.
- Ќе ја прашаме Грција каков вид на сосед сака. Дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда? Ако ние бидеме добар сосед на Грција, можеби грчките политички сили ќе сфатат дека ова ни се пружа историска можност, изјавил Димитров за Фајненшл Тајмс.
Според весникот, Владата во Грција смета дека новата македонска Влада е по-кооперативна од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и смета дека има надеж за оптимизам дека може да се разреши спорот, но во исто време Атина предупредува дека нема да и се брза да се постигне било каков договор.
- Спорот беше отворен пред повеќе од две децении и би било избрзано да даваме било какви прогнози, изјавил анонимен претставник на грчката Влада за Фајненшл Тајмс. Според весникот, додека беа во опозиција, Алексис Ципрас и неговата партија СИРИЗА најавуваа дека ќе и дозволат на Македонија да се вика како сака, но по преземањето на власта во 2015 година партијата заземала далеку потврд став, делумно притисната од националистичкиот коалициски партнер АНЕЛ, а делумно од притаеното националистичко крило кое постои во самата СИРИЗА.
Димитров за Фајненшл Тајмс вели дека каков било договор за ново име за Македонија ќе биде ставен на референдум и ќе биде предмет на меѓупартиски договори. Според некои, неименувани аналитичари, договарањето на ново име за Македонија може да трае до една година. - На многу делови од Балканот има луѓе кои сметаат дека има можност да се сменат пост-југословенските договори. Приемот на Македонија во НАТО може да има смирувачки ефект на регионот, изјавил Димитров.
Според Фајненшл Тајмс, причината што западните земји станале порешителни во плановите да се прими Македонија во НАТО е што Русија почнала погресивно да се меша на Балканот, пред се со обидот за државен удар во Црна Гора минатата година.
Ново на Сител
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
