Фабио Либерти добитник на наградата „Златна пеперутка 2017“

Младиот Фабио Либерти од Италија ја доби наградата за најдобар короеграф „Златна пеперутка 2017“ на синоќешната гала вечер на Интернационалиот натпревар за млади кореографи „Танц лаб“, во рамки на програмата на фестивалот на современ танц „Танц фест“.
Како што соопшти „Танц фест“, годинава на „Танцлаб“ имало голем број апликанти, а во предселекцијата биле избрани девет млади кореографи: Фабио Либерти од Италија, Џесика Симет од Унгарија, Јакуб Мунко од Полска, Фредерика Ботини од Италија, Вероника Акопова од Русија, Соња Зани од Италија, Диего де Роса од Германија, Беатриче Панеро од Германија и Мара Хулапс од Холандија.
Во Народниот театар во Велес, стручното жири во состав: Самуел Вуерстен, уметнички директор на Holland Dance Festival во Хаг, член на Бордот на Кодартс Ротердам во Холандија, куратор на Интернационалниот фестивал Контекст на Дијана Вишнева, Мехмет Балкан, главен кореограф и уметнички советник за Националните балетски компании во Турција и Јагода Сланева, примабалерина, добитник на Наградата за врвни остварувања во областа на танцот „МЕНАДА“ на „Танц Фест 2017“ му ја доделија наградата „Златна пепрутка“ на Фабио Либерти од Италија.
Либерти е член на Данскиот танцов театар. Како кореограф учествувал на повеќе интернационални натпревари за млади кореографи. Во 2013 ја освоил третата награда на Интернационалниот натпревар во Копенхаген, Данска. Во 2014 година ја освоил наградата од кртиката на натпреварот во Хановер. Во 2015 година Либерти ја креира претставата „Кармина Бурана“ за Данскот танцов театар. Во 2016 година работел во Далас, Тексас и учествувал на натпревари во Швајцарија, Словенија и во Полска, каде освоил прва награда на натпреварот во Варшава.
Синоќа беше изведена и најновата премиера на Скопје танцовиот театар „Патот“ во кореографија на Антон Рудаков од Германија.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
