Еврозоната согласна Грција да остане членка

Лидерите на државите од еврозоната донесоа одлука да ја остават Грција во еврозоната „врз основа на согласност постигнат со Атина за исполнување на обврските кон кредиторите“.
- Постигнато е взаемно разбирање за трета програма за помош за Грција за да се гарантира останување на државата во еврозоната, изјави извор близок до преговорите во врвот на еврозоната во Брисел.
Според него, постои согласност за тоа како да се дејствува, но треба да се прецизираат некои детали.
Првиот чекор што треба да го преземе Грција е нејзиниот парламент да прифати до 14 јули согласност за структурни реформи. Станува збор за нацрт закони меѓу кои за приватизација, пензиска и даночна реформа.
В среда треба да има нова средба на еврогрупата на која ќе се потврди за почнување преговори за конечно обезбедување на тригодишна програма за кредитирање на Грција.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
