Евролига: Шортс го однесе Париз во четвртфинале

Француски Париз стана седмиот учесник во четвртфиналето од овосезонскиот плеј-оф во кошаркарската, откако синоќа извојува гостинска победа над Реал Мадрид со 81-73 во првиот натпревар од „плеј-ин“.
Најефикасен во редовите на Париз беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 23 поени.
Пари во четвртфиналето ќе игра против Фенербахче кој го освои второто место во лигашкиот дел од натпреварувањето, додека Реал има уште една шанса да влезе во плеј-офот бидејќи в петок ќе игра против Баерн за осмото место и дуел со Олимпијакос.
Во вториот плеј-ин натпревар одигран синоќа во Минхен, Баерн по продолжението ја совлада Црвена ѕвезда со 97-93.
Веќе е познато дека првите два четвртфинални двојки се Панатинаикос – Анадолу Ефес и Монако – Барселона.
Четвртфиналната серија стартува идната недела, а екипите кои први ќе дојдат до три победи ќе играат на завршниот турнир во Абу Даби на 23 и 25 мај.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
