Евакуација во Дортмунд поради неексплодирани бомби

Во германскиот град Дортмунд се спроведува евакуација на населението, откако се пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна.
Градските власти утрово започнаа да ги преместуваат луѓето од густо населениот дел во градот. Околу 14.000 жители се повикани да ги напуштат домовите во рамки на операцијата. Организирано е времено засолнување во едно училиште. Затворен е и главниот влез на централната железничка станица, соопшти на Твитер германскиот железнички оператор Дојче бан.
Потврдено е дека две од четирите откриени бомби се неексплодирани и се од Втората светска војна. Властите планираат да ги деактивират подоцна во текот на денот. Експлозивните направи се наоѓаат во близина на две болници, што ги принуди локалните власти да започнат со префрлање на пациентите во други здравствени установи.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
