Евакуација на мигрантските „диви кампови“ во Париз

Француската полиција рано изутринава започна операција за евакуација на двата кампa во кои се наоѓаат помеѓу 600 и 1200 мигранти во североисточниот дел на Париз, јави дописникот на МИА.
Околу 600 полицајци од 6 часот ги спроведуваат лицата од кои најчесто се странци без документи и кои живеат во шатори во близина на обиколницата на Париз. Тие со автобуси се носат во прифатни центри во Ил де Франс.
Оваа евакуација од невидени размер повеќе од пред една година во главниот град се одвива во контекст на зацврстување на реториката за миграциската политика и само еден ден по „заложбата“ направена од министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер. Тој увери во средата за време на најавите на владата за имиграција дека камповите во североисточниот дел на Париз треба да бидат преместени „до крајот на годината“.
-Не можам да оставам ситуација со опасност од ваков вид, не само за луѓето што се населуваат покрај сообраќајниците, туку и за возачите, сето тоа не може да трае повеќе, и тоа е острината за која зборувам со вас, објасни за присутните новинари началникот на париската полиција Дидиер Лалемент.
Според проценката во Франција живеат околу 20.000 бездомници и мигранти без покрив на главата, од кои дури 3.000 во Париз.
Според префектурата на полицијата на Париз, денеска евакуираните лица ќе бидат згрижени, а нивната административна ситуација ќе биде исто така разгледана.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
