Еулекс подигна обвинение против криминална група предводена од поранешен пратеник

Меѓународен обвинител од мисијата на ЕУ во Косово (Еулекс) подигна денеска обвинение против група косовски Албанци и Срби меѓу кои и поранешен пратеник за организирање криминална мрежа која се занимавала со перење пари, поткуп, измами и злоупотреба на власт и прикривање даноци.
Според обвинението, 39 осомничени предводени од Азем Сулија, поранешен пратеник од Демократската партија, биде соучесници во злоупотреба со државни имоти преку фалсификуавње документи, измами и корупциски дела.
Еулекс соопшти дека станува збор за хиерархиски организирана криминална група.
Во април Еулекс презеде голема операција против осомничена криминална група осомничена дека присвоила незаконски имоти во вредност од 30 милиони евра. Тие дејствувале од 2006 година, наведува Еулекс.
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
