ЕУ бара од Грција да ја забрза продажбате на имотот на банкарските должници

Еврогрупата побара од Грција да ја забрза процедурата за продажба на недвижен имот преку интернет аукции, со цел да го реши проблемот со ненаплатените кредити.
Според весникот „Прото Тема“, доколку ова горливо прашање не биде решено, тогаш е можно европските доверители да не го исплатат новиот заем од пет милијарди евра на Грција, кој треба да биде одобрен на 22 јануари.
Се проценува дека грчкиот банкарски сектор има доделено кредити на банкротирани доверители во износ од над 70 милијарди евра. Оваа сума веќе подолго се заканува да го колабира грчкиот банкарски сектор.
Како решение, европските доверители предлагаат забрзување на процесот на одземање и продажба на недвижниот имот, кој во најголем број случаи е даден како залог за ненаплатените кредити.
Брисел бара од Грција во текот на 2018 година да го намали обемот на ненаплатени кредити за најмалку 12 милијарди евра, а во 2019 година за уште 13 милијарди евра, со што би се олеснил притисокот врз банките и би се намалила опасноста од нивен банкрот.
Сепак, мерката е крајно непопуларна во јавноста, која сочуствува со должниците, поради што и властите досега го одлаа процесот на одземање и продавање на недвижен имот од должниците преку аукција.
Ново на Сител
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
