Естонците масовно пливаат во ледена вода
Додека повеќето луѓе во светот, во време на пандемија, ограничено движење и намален физички контакт, поголем дел од своето време поминуваат гледајќи телевизија или занимавајќи се со некое хоби, Естонците масовно прифатија капење во ледена вода за да одржат здрав дух.
Околу 500 капачи вчера влегоа во ледените води на Балтичко Море на пристаништето во главниот град Талин и секој од нив пливаше делница од околу 25 метри, објави лондонскиот весник „Гардијан“.
Пливачите беа од сите возрасти – најмалото, деветгодишно дете, а најстариот учесник има 83 години.
– Бројот на зимски пливачи тројно се зголеми во Естонија. Капењето во ледена вода стана навистина популарно меѓу Естонците, рече Ајвар Тугедам, организатор на пливачкиот настан во пристаништето Талин.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар

