ЕСМ: Се поставуваат нови цевки под мостот „Беласица“
Под мостот „Беласица“ се поставуваат нови цевки за парното греење во Скопје. Електрани на Северна Македонија АД соопшти дека се вложуваат „максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок“ и дека се работи за „комплексна активност што бара сериозна посветеност и работа“.
-Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање веќе се започна со активности на терен, соопшти ЕСМ.

Наведува дека испораката на топлинска енергија во грејна сезона е од 6 до 22 часот по строго утврдени правила и дијаграми и, според нив, во октомври и првата половина на ноември, кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот.
-При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Воедно, повторно апелираме до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), информира АД ЕСМ.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
