Ерик Дејн боледува од неизлечива болест

Американскиот глумец Ерик Дејн, познат по својата улога во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Станува збор за невролошко заболување на мускулите и засега нема познат лек за таа болест.
– Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно Ве молам да ми дозволите мене и на моето семејство малку приватност, изјави глумецот за „Пипл“ (People).
Дејн (52), исто така, потврди дека следната недела ќе почне со снимање на третата сезона на „Еуфорија“, во продукција на „Ејч-би-о“ (HBO), каде што го глуми ликот Кал Џејкобс.
Дејн е во брак Ребека Гејхарт, со која се венчаа во 2004 година. Гејхарт поднесе барање за развод во февруари 2018 година, но неодамна открија дека одлучиле да се откажат од разводот. Заедно имаат две ќерки: Били (15) и Џорџија (13).
Ново на Сител
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
