Ердоган: Турција има резервни планови ако договорот со ЕУ за безвизен режим не се оствари

Турција има резервни планови ако договорот меѓу земјата и ЕУ за безвизниот режим за турските граѓани не се оствари, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател.
- Турција има и план „Б“ и план “В“ ако договорот со ЕУ за визите не се реализира, порача Ердоган.
Воведувањето на безвизен режим за кус престој на турските граѓани е една од точките на договорот меѓу Брисел и Анкара за ограничување на миграцискиот поток кон ЕУ.
Анкара требаше да исполни вкупно 72 барања од ЕУ, за да си обезбеди укинувањето на визите.
Плановите за укинување на визите наидоа на пречки поради одбивањето на Турција да го исполни барањето на ЕУ за промена на антитерористичките закони.
Турција истакна дека треба да ги задржи тие закони без промени, аргументирајќи дека има многу закани за нејзината безбедност.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
