ЕП ја одобри програмата „ЕУ за здравје“ со буџет од 5,1 милијарди евра
Европскиот парламент ја одобри програмата „ЕУ за здравје“, одговорот на Унијата на пандемијата на Ковидид-19, со цел да се зголеми квалитетот и еластичноста на здравствените системи на земјите-членки и буџетот за тоа е 5,1 милијарди евра во периодот од 2021 до 2027 година.
На вчерашната пленарна седница, членовите на Европскиот парламент го поддржаа привремениот договор со Советот за програмата „ЕУ за здравје“ со 631 глас „за“, 32 „против“ и 34 воздржани.
Буџетот на програмата е 5,1 милијарди евра, од кои најмалку 20 проценти се наменети за превенција на болести и унапредување на здравјето, а програмата е развиена како дел од одговорот на ЕУ на пандемијата на Ковид-19.
Главните цели на програмата се зајакнување на здравствените системи преку поддршка на земјите-членки во меѓусебна координација и споделување на податоци, како и поголема достапност на лекови и медицински помагала по подостапни цени.
Ново на Сител
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
